Од вчера во функција е новиот дневен центар за превенција од зависности, лоциран во просториите на поранешниот рендген, веднаш до метадонскиот центар. По целосната реконструкција и опремување на објектот сега овој дневен центар ќе им помага на зависниците.
На отворањето присуствуваше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој нагласи дека се работи за заедничка инвестиција со локалната самоуправа во вредност од околу 1,5 милион денари.
„Се работи за проект кој беше дел од владината програма, кој што е заедничка инвестиција на МТСП и локалната самоуправа. Инвестицијата изнесува околу 1,5 милион денари. Целосно е реконструиран и опремен објектот. Овде ќе се врши психо социјална подршка на семејствата и на корисниците на овој дневен центар, индивидуалана и тимска работа, исто така работни третмани, подршка од психолог, педагог и социјален работник“ рече министерот Спасов и најави дека со градоначалникот Панов разговарале за преадаптација на постоечки обекти кои не се во функција за детска градинка и дом за стари лица.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов рече дека според информациите кои ги имал ос службите при центарот за социјални работи се намалувал бројот на зависници, а овој дневен центар ќе им помогне на зависниците и на нивните семејства.
Ангел Данов

Додади коментар