Започна со работа нова винарија во Кавадарци
07-09-2013 РЕГИОН

Се зголемува бројот на винарии на подрачјето на општина Кавадарци. Денеска со света литургија беше означен  стартот на новата винарија во Кавадарци. Се работи за странска инвестиција. Сопственик на винаријата „Стефанс винери“ е германската Петра која долги години работи во винскиот сектор во земјава.

Визбата има капацитет од 15 милиони литри вино. Во моментов на располагање е капацитет од 8 милиони, а интензивно се работи на изградба на целосниот капацитет на винаријата. Инвестирани се досега 3 милиони евра, а и во наредниот период продолжува проширувањето на винаријата.

Од раководството бевме информирани дека годинава капациетот ќе го исполнат сто процентно. Во првите две години винаријата ќе продава само наливно вино на европскиот пазар. Пласманот на виното бил обезбеден за познати клиенти.

На денешната свеченост во винаријата покрај сопственчката Петра, присустуваа нејзини роднини и пријатели и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов. Свештници од храмот Свети ДИмитрија отслуижија света литургија, а упатија и благослов за успешна работа  на винаријата.

Во наредните денови продолжува отклупот на винско грозје во оваа нова винарија во Кавадарци, која е сериозна конкуренција во овој сектор. Опремена е со најсовремена опрема и гарантира добри денови за тиквешкото грозје.

Ангел Данов



Share

Додади коментар