Реконструиран и во ново руво градскиот базен во Кавадарци и официјално од денеска е во фунцкија. Кавадарчани имаат можност да се разладуваат и рекреираат. Во функција се ставени и двата базени, големиот кој е со олимписки димензии и малиот кој е наменет за најмладите.
Целосното се санирани и обновени двата базени и сите пропратни делови код комплексот градски базен. Посетителите на располагање имаат и целосно реновирани соблекували, туш кабини, тоалети и лежалки. Во функција се ставени и сите шанкови .
Базенот ќе работи секој ден од 10 до 18 часот, а покрај во дневното, кавадарчани ќе имаат можности да уживаат и во ноќното капење. Целодневниот билет е 70 денари, а посетителите добиваат со влезницата гратис сладолед.
А.Д
Додади коментар