Сменското работење во детската градинка Рада Поцева започна од денеска. Од 1 до 31 јули со полна пареа ќе функционираат работните објекти Гроздоберче или познато како централна градинка и Изворче или градинката кај Гоце Делчев. Останатите два објекти ќе бидат надвор од функцијата, но пак ќе бидат спремни од 1 август до почетокот на септември да ги згрижат дечињата кој и по 31 јули ќе имаат потреба од градинка. По интензивниот јули во август ќе паузира работата во Гроздоберче и Изворче, а активни ќе бидат Снежана или ваташката градинка и работниот објект Детелинка познат како градинката кај Пепето.
Сменското работење во лето Детската градинка Рада Поцева го користи за времени интервенции, поправки, молерисување, дезинфицирање, реновирања и слично. Во служба пак на граѓаните кој и во текот на летните месеци имаат потреба од грижа за нивните најмили им се по два објекти периодично поделени со функција. На ваков начин истовремено ќе се интервенира во објектите, но ќе се згрижуваат и дечињата, но без проблеми велат од градинката.Инаку тековната година во градинка официјално ја завршија вкупно 790 дечиња. Од нив 200 преминуваат во основното образование односно 1 одделение. Капацитетот на кавадаречката градинка со своите функционални четири работни објекти е 500 згрижени дечиња, но како и во претходните години и оваа годината заврши со прилив од 290 дечиња.
Отежната е работата но далеку поголеми се и потребите на граѓаните велат од градинката. Според директорката Снежана Ганчева со истиот проблем градинката се соочува уште на самиот почеток од новиот тековен упис. Ганчева вели дека на 15 ти овој месец на огласната табла градинката мора да ги истакне имињата на дечињата кој од септември поаѓаат во градинка. Селекцијата оди тешко, но се внимава да бидат задоволени потребите на граѓаните особено кај оние што посебно е нагласена потребата од згрижување на децата. Бројот за упис е со прилив и тоа голем, а ние мораме да внимаваме.
Милица Младенова
Додади коментар