Започна сезоната за наводнување
02-04-2014 РЕГИОН

Водата во каналите на ХМС Тиквеш од денеска е пуштена и земјоделските производители можат да ја користат за наводнување. Со тоа започна новата полевна сезона за Водостопанство Тиквеш. Каналската мрежа била во одлична кондиција,а имало и доволно вода за наводнување на тиквешкото поле, рече денеска директорот Љубе Димов.

„Водата најпрво ќе ја користат производителите на житни и градинарски култури. Во изминатиот период Водостопанство Тиквеш ги направи сите потребни подготовки за проверка и санирање на каналската мрежа. Сега без проблеми и континуирано земјоделците ќе имаат вода за наводнување во каналите“ рече Димов.

Тој информира дека земјоделците не треба воопшто да стравуваат. Водата која ја има во вештачката акомулација Тиквешко Езеро ќе биде доволна за наводнување. И годинава полевната сезоната водостопанското претпријатие ја започнува исто како и лани на втори април, нешто порано од претходните години, поради лошата хидролошка состојба./A.Д



Share

Додади коментар