Се санираат ударните дупки на градските сообраќајници во Велес. Водата и мразот во зимските месеци уништија дел од асфалтот па речиси невозможно беше да се вози. Деновиве се работи на подготовка за крпење – се отстранува стариот асфалт, се проширува просторот за асфалтирање по што ќе следи и затворање на дупките. Од локалната самоуправа велат дека целиот овој процес ќе заврши многу брзо..
Во исто време со крпењето на дупките се обновува и хоризонталната сигнализација. Почна одбележувањето на пешачките премини а ќе се следи и одбележување на останатите знаци за сигнализација..
Инаку од локалната самоуправа велат дека за десетина дена ќе почне и асфалтирање на предвидените сообраќајници. На почеток е предвидено да се работи на шест локации.. механизацијата за асфалтирање најпрвин ќе почне да работи кај Башино село. Нов асфалт ќе добие патот од излезот на автопатот во правец кон мостот на реката Вардар.
Зоран Јаневски

Додади коментар