РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОВОЈ ДЕЛ ОД АВТОПАТОТ ПРЕДВИДУВА ОТСТРАНУВАЊЕ НА СТАРИОТ АСФАЛТ, ПОСТАВУВАЊЕ НОВА ПОДЛОГА, АСФАЛТИРАЊЕ И ЦЕЛОСНА ОБНОВА НА ХОРИЗОНТАЛНАТА И ВЕРТИКАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА..
МОДЕРНИЗАЦИЈАТА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС - КАТЛАНОВО ЧИНИ ОКОЛУ 6 МИЛИОНИ ЕВРА.. СПОРЕД МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ, МОМЕНТАЛНО МАКЕДОНИЈА СЕ НАОЃА ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ ПАТНИ ПРАВЦИ ВО ДРЖАВАТА.. ЗА ОВАА НАМЕНА ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ НАД ЕДНА МИЛЈАРДА ЕВРА..
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ВЕЛЕС-КАТЛАНОВО ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ПО ЕДНА ГОДИНА.. ОБНОВАТА ЌЕ ОВОЗМОЖИ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ, КАКО И ПОБРЗ ТРАНСПОРТ НА СТОКА И ПАТНИЦИ..
ВО ИСТО ВРЕМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА АВТОПАТОТ СЕ ИЗВЕДУВААТ И ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА МОСТОВИТЕ ДОЛЖ ОВАА ДЕЛНИЦА.. ПОПРАВКИТЕ ГИ ФИНАНСИРА НАТО АЛИЈАНСАТА.. ИНАКУ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ СЕ РЕКОНСТРУИРАШЕ ДЕЛНИЦАТА КАТЛАНОВО - ВЕЛЕС.
Зоран Јаневски
Додади коментар