Општина Кавадарци преку Бирото за регионален развој, а во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион започна со реализација на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на објект Винска куќа-Кавадарци”.
Проектот опфаќа реконструкција на Винската куќа, со замена на покрив, поставување на нова армирано-бетонска плоча, нова челична конструкција, изолација на ѕидови, како и зајакнување на надворешните ѕидови, поставување на нова електрична инсталација и партнерно уредување.
Вкупната сума на проектот изнесува 8 925 826 денари, од кои 3 096 460 денари ќе се обезбедат од буџетот на општина Кавадарци за 2019 година, додека останатите 5 829 366 денари се учество на Бирото за регионален развој.
Намената на реновираниот и адаптиран објект ќе биде „Вински музеј“ од регионален карактер. Во него ќе бидат изложени музејски артефакти,посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина и производи од грозје од производители од регионот, како и да се запознаат со тардицијата во производството на вино.
Додади коментар