Започна регулирањето на речното корито на Луда Мара
02-04-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци – локална самоуправа ќе работи на регулирање на речните корита на Луда Мара, Овча и Раечка Река, најави денеска градоначалникот Александар Панов .

Во петокот вечерта и во саботата во Кавадарци наврна над 50 л/м2 но многу повеќе дожд наврна во сливното подрачје кое го опфаќа реката Луда Мара и од тие причини коритото на реката се исполни со вода. Инаку Кавадарци лежи на 9 поројници и водата од нив се  акомулира во коритото на реката. Од локалната самоуправа Кавадарци велат голема среќе е што целосно е функционална атмосферкската канализација,  па не се случи улиците во градот да бидат под вода.

Надојдените води на реката Луда Мара направија оштетувања на шкарпата на кејот на две места кај брушанското маало и спроти поранешната фабрика „Таска“ Локалната самоуправа веќе е подготвена да интервенира во коритото на реката,  со цел да се изврши корекција на оштетеното корито и да се врати во нормала текот на водата.

Денеска се чистеше коритото на Луда Мара кај Градска болница Кавадарци, а утре механизацијата ќе работи на средување на коритото кон селото Марена.

„Минатиот пат немавме време да интервенираме на коритотот на реката заради големиот водостој. Коритото беше изместено и сега ова оштетување на шкарпата поридонесе да биде комплетно руинирано и да го доведе во пршање самиот пат. Штетите не се толку големи. Имавме мали интервенции да го исправиме коритото за да при нов доток на вода немаме дополнителни штети. Претходно имавме кинење на една водоводна линија поради што дел од градот остана без вода. Она што беше ветено од МЗШВ и од владата верувам дека целосно ќе се реализира. Добивме како општина одредна колична на нафта и, а исто доби и ЈП Водостопанство Тиквеш. Ќе се работи на санација на  речните кориита на Луда Мара , Овча Река и Раечка Река. Луѓето бараат веднаш денес да се интервенира кај нив. Затоа апелирам за трепение, ќе почнеме плански и етапно да го правиме расчистувањето на коритата. Се надевам дека од владата ќе имаме дополнителна помош околу комуналните објекти кои беа оштетени од поплавите. Исто така се надевам дека оние луѓе кои што имаа штети како на земјоделските посеви , така на нивните имоти. Се надевам дека луѓето ќе бидат сто отсто обесштетнеи“ рече градоначалникот Александар Панов во изјавата за КТВ.

Ангел Данов



Share

Додади коментар