Започна реализацијата на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“
06-11-2014 РЕГИОН

Со поставување на камен-темелник од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставникот на фирмата изведувач ИМГД од Самобор, Република Хрватска и директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова, денеска беше означен стартот на работите на проектот за „ Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење во Неготино“, кој е финансиран со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 

Со започнувањето на работите, Неготино станува првиот град во Република Македонија во кој се поставени ваков тип на уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење.

M.A



Share

Додади коментар