Првиот уписен рок во јавните средни училишта се одржува денеска и утре. Вкупно 34.971 место е обезбедено за упис во овие училишта во учебната 2013/2014 година. Од посочените места 22.694 се за стручно образование, 11.597 во гимназиско, 408 во уметничко образование и 272 ученички места во спортска гимназија.Настава по нови реформирани наставни планови и програми во тригодишното стручно образование ќе се следи во 19 средни училишта во 14 општини земјава.
Меѓу нив е и Кавадарци со новитетот три годишно образование во насоката столар која ќе се изучува во СОЗШУ Ѓорче Петров каде од оваа учебна година новина е и насоката техничар за агро менаџмент. Со старите и веќе познати профили се останатите две училишта Гимназијата Добри Даскалов и СОУ Ќиро Спанџов Брко каде исто денес вратите за нови ученици беа отворени ширум.Бројот на потребни поени за запишување во средно училиште останува ист, како и минатата учебна година Намалувањето на утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот ќе биде за најмногу 5 поени во второто пријавување во првиот уписен рок и уште за најмногу 5 поени во вториот уписен рок, односно вкупно најмногу 10 поени во два уписна рока.Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и августовски рок со едно пријавување.
Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот рок ќе биде денеска и утре, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни.Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 4 јули.Во Августовскиот рок ќе има едно пријавување и тоа на 22 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 23 август.
Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс, продолжуваат со запишување на учениците до 30 август 2013 година.Согласно Законот за средно образование, уписот во средно училиште е задолжителен.
М.М
Додади коментар