Започна поставувањето на новите семафори во Кавадарци
14-05-2019 РЕГИОН

Реализацијата на сеопфатниот зафат за реконструкција на семафорите во градот продолжува. Денеска се спроведе монтажата на светлечките тела на Полу порталните столбови-носачи на лантерните на раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Сообраќајниот проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација продолжува според утврдената динамика.

 


Нареден зафат ќе биде поставување на табли патокази на правци и на значајни објекти во градот.
Во првата фаза беше извршена целосна реконструкција на подземната елекрична инсталација.

 


Полу портални столбови се поставени и на преостанатите две раскрсници што се реконструираа, кај „Старата автобуска“ и на бул. „Моша Пијаде“ кај ООУ „Гоце Делчев“.

 


Ова е прв сеопфатен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век. Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ од Кочани.



Share

Додади коментар