Започна поставувањето на модуларната болница во Кавадарци
27-01-2021 РЕГИОН

„Во истата ќе бидат сместени инфективна амбуланта, тријажен центар, лабораторија, рентген дијагностика и болнички дел со капацитет од 35 болнички кревети. Во согласност со најновите стандарди, во Модуларната болница, ќе биде инсталиран централен довод на кислород до секој пациент. Се надеваме дека за брзо време ќе заврши процесот на комплетно монтирање и опремување на истата“ вели директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Тој нагласува дека со оваа болница ќе се овозможат соодветни услови за преглед, тријажа и прием на нови Ковид позитивни пациенти од Тиквешкиот регион.
А.Д


Додади коментар