Многу родители стравуваат од моментот кога нивните деца ќе посакаат да одат на одмор без нив, со другарчињата од училиште или со друга организација. Детските психолози велат дека да не постои „идеално” време за првото самостојно летување, туку тоа зависи од зрелоста на детето, но и од односот во семејството, начинот на комуникација и ставот на родителите за тоа прашање. Во Македонија е традиција децата уште во основите училишта да одат сами на одмор.
Во последните години, некои родители за своите деца посакуваат повисоки стандарди за летување, а дел поради беспарицата ги пуштаат во старите детски летувалишта. Во последните пет години се случува вистинска експанзија на спортски, верски, јазични кампови, а факт е дека многумина од родителите не се жалат на овој тип летување. Kамповите по пливање и воопшто спорт на кој минатата недела веќе заминаа дечиња од Кавадарци кој тренираат кошарка, за разлика од другите, содржат многу игра и забава во вода. Но,децата учат и дисциплина на редовните тренинзи, учат да се грижат за своите работи, и најважно е што учат да бидат другари и да се обидат да припаѓаат кон групата – велат нивните тренери. На мода се и летните кампови кој ги организираат невладините организација. Неколку години наназад Советот за превентива против малолетничка деликвенција Кавадарци носи млади на размена надвор од границите на Македонија.
Во моемнтот млади превентивци се подготвуваат за патување во ШвајцаријаПозитивно од ваквите кампувања се размената на културата, развојот на вештината на јазикот, но и пријателствата стекнати кој младите понатаму со сигурност ги негуваат. На оваа тема психолозите предупредуваат дека ниту едно дете не треба да патува без родителите ако не е подготвено и мотивирано, без разлика колку години има.
Педагозите пак со став дека родителите најмногу ги мачи детето да не се најде во тепачка, во ситуација кога се користи алкохол или да не стане жртва на друга злоупотреба, како и да не добие сончаница или друга болест.Без овој страв и со сигурност дека децата ќе уживаат во природа на чист воздух и ќе ги наполнат батериите минатата недела родителите ја испратија и првата група на дечиња ученици во ООУ Гоце Делчев Кавадарци на летување во детското одмаралиште Михајлово кое по неколку години пауза го враќа сјајот.
На летен одмор и другарување и годинава ќе се радуваат околу 2.000 деца од социјален ризик за кој Министерство за труд и социјална политика обезбеди бесплатно летување, а родителите барањата ќе можат да ги поднесат до 25 јуни годинава во центрите за социјална работа.
М.М
Додади коментар