Започна изградбата на ново училиште во селото Паликура
11-09-2013 РЕГИОН

 

Денеска во село Паликура беше удрен камен темелникот на новото подрачно училиште кое ќе функционира во рамки на основното училиште Пере Тошев Росоман.Со сите пригодни свечености и со благослов на православната црква започна изградбата на училиштето која е планирана да заврши за две години.Целиот потег на локалната самоуправа и основното училиште денеска го подржа и државниот секретар за образование Елизабета Тодоровска која истакна колку е важно младите современо да се образуваат.

Општина Росоман секогаш настојува да вложува таму каде има најголема потреба.Паликура го заслужи ова училиште потенцираше градоначалникот Стојанче Лазов.

 

 

 Капацитетот на училиштето ќе биде околу 40 ученици со две училници.Ќе зафаќа простор од 113 м2 на кој освен училниците планирана е канцеларија за наставниот кадар, санитарни јазли, помошна просторија и систем за греење. Средствата во висина од 3 милиони денари се обезбеени од буџетот на општина Росоман и буџетот на ООУ Пере Тошев. Инаку постоечкото училиште во селото е изградено во 1985 година и денес не ги задоволува стандардните потреби за воспитно образовниот процес. Во моментот наставата во истото се изведува во една комбинирана паралелка со 6 првоодделенци, 2 ученици во 3 и 6 ученици во 4 одделение.

Милица Младенова



Share

Додади коментар