Започна изградбата на лифт во општинската зграда за лица со посебни потреби
25-11-2015 РЕГИОН

Лицата со посебни потреби наскоро ќе можат полесно да стигнат до службите од локалната самоуправа на вториот кат во општинската зграда и да ја добијат бараната услуга. Нема да бидат попречени од архитектонските бариери. Започна изградбата на лифт за овие лица.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов најави дека ќе се олесни пристапот на лицата со посебни потреби  и во другите општински институции.

 

„ Почнувме со локалната самоуправа. Овој проект се реализира благодарение на Вардарски плански регион. Аплициравме заедно со општина Велес и го добивме овој проект. Во Велес е изграден овој лифт, а сега по завршувањето на тендерската постапка  лифтот се гради и во Кавадарци. Составен дел на овој проект е и изградба на пристапни рампи во ОО У „Гоце Делчев“ исто така наменети за полесен пристап на учениците кои имаат посебни потреби.  Од оперативниот буџет работиме на заокружување на овој процес“ рече  Панов.

Овој проект чини 1.100.000 денари.

Ангел Данов



Share

Додади коментар