Започна изградбата на катна гаража во Кавадарци
17-12-2013 РЕГИОН

Кавадарци од денеска започна да решава еден од главните проблеми. Паркирањето кое долг период ги мачи кавадарчани полека ќе се средува, велат од локалната самоуправа. Од денеска започна изградбата на катна гаража,  капитален проект вреден 30 милиони денари со кој ќе се обезбедат 100 паркинг места во центарот на градот.

„Ова е еден од проектите ветен од поодамна, но проблемите со земјиштето и со далеководите за струја на некој начин ни го развлекоа периодот за градба. Кавадарци е град кој што има најмногу возила по глава на жител и во пазарните денови особено се чувствува недостигот од паркинг простор. Ова е само дел од решавањето на овој проблем. Следува наредната година и студијата за јавно приватно партнерство со која ќе можеме да отпочнеме и проекти за зонско паркирање. Потоа  делот на градскиот ан ќе го адаптираме во паркинг простор. Првично во едно ниво, а потоа и на друго ниво, со што би создале елементрани услови за паркирање на кавадарчани.“ рече градоначалникот Александар Панов.

Од општината најавија за наредниот период воведување и на пајак служба, но и плаќање за паркинг простор, по примерот на повеќето градови од Македонија каде е воведен ред во паркирањето.

А.Д



Share

Додади коментар