Започна заловувањето на кучињата скитници
18-01-2018 РЕГИОН

 

 

Од неодамна на територијата на Кавадарци започна да функционира иницијативата за заловување на кучиња скитници. Обврската на заловување е на ЈП Комуналец, а тендерот според кој понатаму се третираат заловените кучиња го доби Ветеринарна Станица од Неготино.

Ваквата иницијатива ја поздравија голем дел од граѓаните, но за истата позитивно низ социјалните мрежи коментираа и кавадаречките здруженија за заштита на животните, на кои пред се според пишувањата важни им се условите во кои се сместуваат и третираат кучињата скитници.

 

Меѓу нај активните здружението ,,Анима Реино,, побара трпение за целиот процес од сите засегнати страни, додека нивните членови, подобра комуникација и соработка со надлежните како и евиденција на заловени кучиња поткрепена со фотографии според кои здружението би можело да објавува и вдомува или пак евентуално да го пронајде сопственикот на кучето. За овие прашања и целиот начин на заловување и третман нашата редакција побара објаснување од комунланиот инспектор при ЛС Кавадарци Јованче Колев.

 

Според него, повеќе од добро за краток период функционира целиот процес, а ЈП Комуналец работата ја обавува согласно сликата на терен и дојавите на граѓани.Сега многу полесно и преку мој општинар реагираат со дојави граѓаните од одредени маала каде се случува глутница кучиња постојано да е на улица. Кучињата се заловуват, се успиваат, се транспортираат до ветеринарната станица во Неготино, а таму им се зема крв и истата понатаму се испраќа во лабораторија во Скопје каде се врши целосна анализа.

 

„Понатаму на заловените кучиња им се ставаат микро чипови и по барање на сопствениците се враќаат на местата од каде се заловени, објаснува Колев. Инспекторот потенцира дека со цел заштита и на граѓаните и на кучињата предвидени се и високи казни, во овој случај за сопствениците на веќе заловени и кучиња кои добиле микро чип. Доколку еднаш заловено куче, биде повторно дел од акција на заловувања следува висока глоба за неговиот сопственик.Целта е проблемот со кучињата скитници да биде намален, а двете страни задоволни, затоа апелирам сопствениците на кучиња истите да ги врзат и да не ги пуштаат на улица“, дециден е Јованче Колев.

 

М.М



Share

Додади коментар