Околу 550 трговци закупиле простор за стопанската манифестација Кавадаречки панаѓур, информацијата ја потврди Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални работи при кавадаречката локална самоуправа. Панаѓурот започна денеска и ќе трае до недела.
-Интересот за поставување на тезги беше многу поголем, но општината беше ограничена со простор. Сообраќајот ќе биде редуциран во делот каде што ќе биде лоциран панаѓурот, појасни Колев.
Трговците ќе плаќаат по 1.600 денари за квадратен метар. На традиционалниот панаѓур се продава храна, облека и обувки, покуќнина, алати и играчки, садови за преработка на грозје во вино и ракија и слично.
Претходно, локалната самоуправа спроведе јавна анкета, за тоа дали да има панаѓур или не. Бидејќи кавадаречките трговци се против, заради нелојална конкуренција, а населението сака, за да обезбеди поефтини производи. Притоа, 79 проценти од оние кои гласале во анкетата, се изјасниле дека сакаат да продолжи традиционалната манифестација.
С.Д
Додади коментар