Започна да се асфалтира новиот кружен тек во Кавадарци
01-06-2018 РЕГИОН

 

 

Општина Кавадарци преку оператривата на фирмата „Изолација“ од Скопје започна со асфалтирањето на новиот кружен тек. Во наредните неколку денови на новоформираните кловозни ленти ќе бидат поставени два слоја нов асфалт, информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 

Кружниот тек се наоѓа на спојот на улицата „Блажо Алексов“ со булеварот „Видое Смилевски“, кај мостот „Белка“. Кружниот тек е побезбедно сообраќајно решение за овие фрекфентни улици по кои се одвива значаен дел од патниот сообраќај во градот, поточно тоа е влезот од правец на Неготино.

 

 

Изведувач на земјените работи беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

 

Со ова ново сообраќајно решение се создаваат услови за оптимална проточност како и безбедност на возилата и пешаците во овој дел од градот.

 

 



Share

Додади коментар