Второто полугодие започна без никакви проблеми во сите општини во земјава, освен во Куманово,Струмица, Струга и дел од училиштата во Скопје.Членови на СОНК и надлежните во повеќе општини низ Македонија се изјаснија дека нема да го поддржат штрајкот и второто полугодие од учебната 2014/2015 година во нивните основни и средни училишта ќе започне без одложување.
На прес конференција со ваков став се изјаснија и членови на СОНК од Кавадарци, Неготино и Росоман.Спротивен на нивниот е ставот на претседателот на регионалниот одбор на СОНК професорот Блаже Јованов кој и денеска во изјава за ктв потенцира оти цврсто стои на ставот дека штрајк во моментот е потребен и мора да има. Тој не ги коментира прес конференциите на неговите колеги бидејќи смета дека се резултат на туѓа воља и додава дека сепак раководството на СОНК ќе се бори за она што смета дека го заслужуваат просветарите.Наставниците денеска влегоа на настава заедно со учениците.
Кавадарци,Неготино и Росоман без проблеми го започнаа второто полугодие од учебната година. И основците и седношколците седнаа во училишните клупи, а отворени беа и градинките во трите општини да ги примаат децата на згрижување. Со завршувањето на зимскиот распуст, околу 280.000 основци и средношколци денеска се вратија во училиште. СОНК долго го најавуваше штрајкот, но во текот на минатата недела, поголем дел од наставниците-членови на синдикатот се изјаснија дека зад најавите гледаат нечесни намери и нереални барања.
M.Mладенова

Додади коментар