Со слободни места во трите средни училишта во Кавадарци започна денеска вториот упис од јунскиот уписен рок за средно образование. Освен во неколку Гимназии и медицински училишта во Скопје и Струмица, слободни места за нови средношколци има речиси во сите училишта низ Македонија.
Во првото пријавување на првиот уписен рок, , се запишале 13.137 ученици - 5.780 во гимназиско и 7.311 во стручно образование.Во овој уписен рок за гимназиско образование слободни се 5.611 места, а за стручно образование 14.890. МОН соопшти дека во вкупниот број запишани ученици и слободни места за второто пријавување не е пресметан бројот на учениците од средните училишта од уметностите (музичка и ликовна) и од спортската гимназија, зашто во нив се полагаат дополнителни испити. Речиси во сите образовни насоки што се нудат во средните училишта во Кавадарци место за нови ученици има и во овој втор уписен рок.
Сите кој истиот оправдано го испуштиле денеска утре ќе можат да го фатат и аплицираат, а резултатите ќе бидат објавени на 4 јули.Според информациите на МОН оваа година осмо одделение завршија 22.900 ученици, а со Конкурсот за запишување во јавните средни училишта во 2013/2014 обезбедени се 34.971 слободно место. Од 2008/2009 година средното образование е задолжително во Македонија.
Милица Младенова
Додади коментар