И годинава кавадарчани покажаа голем интерес за да се заштитат од сезонски грип. На првиот ден од вакцинацијата, центарот за јавно здравје беше преполн со граѓани кои дојдоа да се вакцинираат. За само неколку часа од почетокот биле вакцинирани 120 лица, информира д-р Ристе Јовановски, епидемилог.
„Најголем е бројот на лицата над 60 години и хронично болните. Годинава имаме набавено 720 дози вакцини против сезонски грип и според интересот на почетокот од акцијата сметам дека сите дози ќе бидат потрошени“ рече д-р Јовановски и нагласи дека се работи за редовна активност на центарот во пресрет на појавата на грип.
Препорачливо е од грип со вакцина да се заштитат особено пациентите со хронични заболувања и ризичните групи на граѓани кои имаат допир со поширока популација, како што се здравствените и шалтерските работници.
A.Д
Додади коментар