Започна вакцинацијата против сезонски грип во Кавадарци
18-10-2017 РЕГИОН

 

Од денеска започна вакцинацијата против сезонски грип во Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

„Обезбедени се 800 дози вакцини. Сите заинтересирани ќе можат да бидат вакцинирани бидејќи ќе има доволно вакцини“ ни рече во телефонски разговор д-р Ристе Јовановски, епидемилог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.

 

Исто толку дози со вакцини беа потрошени и минатата сезона во Кавадарци. Цената е 400 денари, а вакцинација се врши секој работен ден во просториите на Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Да се вакцинираат, според лекарите, е препорачливо за  лицата над 60 годишна возраст, вакцината треба да ја примат сите граѓани кои работат во институции каде има голема фреквенција на луѓе. Вакцинирањето е забрането само за оние кои биле алергични на јајца и на пилешко месо.

А.Д



Share

Додади коментар