Започна акцијата за бесплатни прегледи
17-06-2015 РЕГИОН

Високите температури го вклучија аларамот за бесплатни здравствени прегледи низ централните градски подрачја во Македонија. Продолжува и ова лето проектот на Министерството за здравство преку кој два пати неделно низ отворени граѓански акции од плоштадите им се проверува здравствената слика на граѓаните.

И Кавадарци активно беше вклучен во ваквиот проект минатото лето , собрани се позитивни искуства, а следејќи ги препораките на надлежните бесплатните здравствени пунктови продолжуваат и годинава.

 

Денеска во центарот на градот реализирана беше првата акција.На здравствениот пункт заинтересираните граѓани имаа можност да добијат бесплатно мерење на крвниот притисок, телесната тежина и лекарски совети.Доктор Елена Јосифова од здравствен дома Кавадарци потврдува, ваквите акции продолжуваат по препораки на министерството, а одзивот на граѓаните е голем.

 

Лесна облека во светли бои, очила за сонце и капа мора д имаат на себе граѓаните како превентивна заштита од сончевите зраци. Не смее да се заборави на течностите, лесната храна и проветрените простории .Без потреба не излегувајте на сонце апелира уште еднаш Јосифова.

М.Младенова



Share

Додади коментар