Закочена работата на експертската комисија

Првиот човек на експертската комисија за настаните од 24 септември, Борче Давитковски донел одлука да се повлече од функцијата поради неможноста да се усогласат аклучоците во извештајот.

„Комисијата е блокирана. Сакам да се повлечам од неа бидејќи фактички ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во неа е излишно“ рече Давитковски. Не ја исклучи можноста Комисијата да ја доврши работата доколку се најде заеднички јазик.

„Ако се согласат за правните квалификации, за препораките ако најдат заедничко решение јас веднаш со две раце би потпишал. Тоа беше и мојата идеја, да најдам некој разумен компромис или евентуално балансирани квалификации, балансирани препораки  во интерес на државата“ рече Давитковски. 



Share

Додади коментар