Заклетва на 23 генерација доброволци во АРМ
04-07-2014 РЕГИОН

МАРТИН ЈОВАНОВ ОД СКОПЈЕ Е НОВИОТ ДОБРОВОЛЕН ВОЈНИК ВО МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА.. ТОЈ ДЕНЕСКА ДАДЕ СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА.. ВЕЛИ ДЕКА САКА ДА И СЛУЖИ НА ТАТКОВИНА И ГРАЃАНИТЕ..

 

-Моментално сум студент на факултетот за безбедност и се надевам тоа ќе ми биде плус за да бидам припадник на армијата како професионален војник а подоцна и старешина во АРМ, вели Мартин Јованов, доброволен војник.

СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СЛУЖБА ВО АРМ, ТРАЈНО СЕ РЕШАВА И СТАТУСОТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ..

 

-Сите оние кои ќе наполнат 45 години старост и имаат активен договор ќе добијат трајно вработување во некоја од државните институции, изјави Сашо Стефановски, Држ секретар во Мин за одбрана на РМ.

ОВА Е 23-ТА ГЕНЕРАЦИЈА ДОБРОВОЛЦИ ВО АРМ.. ТРИ МЕСЕЧНАТА ОБУКА СЕ ИЗВЕДУВА ВО ВЕЛЕШКАТА КАСАРНА..

 

-Од вас се очекува да бидете пример за градење на цврсти меѓучовечки и меѓунационални односи, вели Љупчо Костовски, Командант на команда за обука.

МЕЃУ 145-МИНАТА ДОБРОВОЛЦИ, ВОЕН РОК ЌЕ СЛУЖИ И 18 ГОДИШНАТА АНГЕЛА СРБИНОВСКА ОД ТЕТОВО.. САКАЛА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ ВО ПРОФЕСИЈАТА..

 

ОСВЕН МАРТИН, И АНГЕЛА СЕ НАДЕВА ДЕКА ВО ИДНИНА ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД ПРОФЕСИОНАЛНАТА АРМИЈА..

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар