Лидерот на СДСМ Зоран Заев ноќва прогласи победа на предвремените парламентарни избори. Рече дека коалицијата „Можеме“ е во водство од три пратенички мандати, со можност за уште 1 до 2.
Рече дека ја слушнал пораката од тие што не излегле на гласање, а тоа е правда. Најави правда, силна економска поддршка за сите граѓани. Нагласи дека граѓаните го казниле концептот кој води кон излоација, а го наградиле концептот кој ја води државата напред.
„ Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над 3 пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од еден или два мандати. Има една народна поговорка. Како ќе си постелиш, така ќе си легнеш. Сите учесници од денешните избори добија порака од своите гласачи. Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности. Патот е исправен, но мора да се работи уште повеќе и уште посилно. Ви ветувам дека тоа ќе го правиме во иднина, ќе растата платите, парите ќе се враќаат кај граѓаните. Следува правда, на тоа се обврзуваме“ рече Заев.
А.Д

Додади коментар