Задолжително пред употреба да се проврива водата за пиење од Лукар!
16-11-2017 РЕГИОН

 

Поради обилните врнежи од дожд повторно е заматена водата од водоснабдителниот систем Лукар. Поради тоа од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат водата пред пиење да се проврива.

 

„Поради врнежите од дожд водата од „Лукар“ е заматена. При редовното мерење беше констатирано отсуство на резидуален хлор. Во координација со ЈП Комуналец се започна со максимално хлорирање на водата се до норамализирање на состојбата“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Тој нагласува дека континуирано ќе се следи исправноста на водата и ќе бидат земени нови мостри. Се до моментот додека се нормализира резидуалниот хлор во водата на сила ќе биде препораката за задолжително провривање на водата, препорака која покрај за кавадарчани важи и за жителите на Неготино и Росоман кои исто така се снабдуваат со вода од Лукар.

A.Д



Share

Додади коментар