Загадувањето на воздухот во Кавадарци не запира
23-02-2017 РЕГИОН

238 микгрограми на метар кубен ПМ 10 честички беа измерени денеска претпладне во Кавадарци од мерната станица на министерството за животна средина и просторно планирање. 28 ми ден по ред воздухот е загаден со овие честички кои се штетни по здравјето на луѓето, а го надминуваат неколку кратно дозволениот праг.


Граѓаните не покажаа никаков интерес за јавната расправа што ја закажа општината за изнаоѓање на решенија за загадувањето.
Од еколошкото друштво нагласија дека воздухот го загадуваат домаќинствата, индустријата и автомобилите. Иако цела зима воздухот е згаден нема превземно никакви превентивни мерки за заштита на здравјето на населението.


Експертите алармираат дека доколку пречекорување на границите се прави на подолг период, прва на мета е осетливата популација, додека пак, долгорочно од овие честички настануваат здравствени компликации кои се фатални за сите.
Од министерството за животна средина досега појаснуваа дека граѓаните не треба да ги вознемируваат моменталните податоци, бидејќи во текот на денот бројката варира.


Извештајот на Светска банка минатата година ја става Македонија на петто место според годишните смртни случаи предизвикани токму од загаден воздух, а ПМ честичките се посочени како најзначајни загадувачи кои се поврзуваат со долгорочни респираторни заболувања и смрт.

 

А.Д



Share

Додади коментар