Во изминатите две недели смрдеа од измет на свињи се шири додека водата во Бабуна на вливот во Вардар е матна и има темно сина боја на водата. Така било и ова утро, раскажаа рибарите кои таму секојдневно ловат риба. Тие рекоа дека ова се случува постојано, во последниве петнаесет дена додека летово имало едно до две загадувања неделно. Рибарите се сомневаат дека загадува некоја од свињарските фарми што се наоѓаат погоре по течението на реката.
Неподносливата ситуација ги натерала рибарите да им се јават на велешките екологисти. Од ЕД „Вила Зора“ пријавиле кај државниот инспектор за животна средина. Но, тој не успеа да земе мостри од загадената вода бидејќи беше службено во Инспекторатот во Скопје.
Д-р Ненад Коциќ побара поголема ажурност на институциите кои работат на заштита на животната средина.
- Бараме инспекторатот веднаш да излегува на лице место и да земаат мостри, да се евидентира причинителот на загадувањето а надлежното министерство врз основа на законските одредби да ги санкционира сторителите за да не се повторуваат хавариите, рече Коциќ.
Денеска немаше помор на риби во Бабуна. Но, летово имаше во реката Тополка кај Велес. Тогаш инспекторите земаа мостри и анализите покажаа од што угина рибата во реката. Единствено не беше откриен загадувачот. На почетокот на годинава пак беше откриен виновникот за поморот во Вардар, но нема информација дали е казнет

Додади коментар