Завршува асфалтирањето на патот Долна Бошава - Горна Бошава
21-10-2020 РЕГИОН

Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од 4 метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава. Согласно проектот асфалтна подлога се постави на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава.
Сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион.
Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето.
Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите 5 километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште.

Додади коментар