Завршува асфалтирањето на патот во село Бохула, завршена реконструкцијата на канализација во село Раец
26-07-2022 РЕГИОН
Kомуналната изградба покрај во градот интензивно се реализира и во селските средини од општина Кавадарци.
Од локалната самоуправа информираат дека во завршна фаза е реконструкцијата на локалниот пат во село Бохула . Денеска се заврши асфалтирањето во должина од 450 метри. Изведувач на работите е Градба Промет .
Завршена е реконструкцијата и на фекална канализација во село Раец, во должина од 100метри и дијаметар Ф250.

Додади коментар