Заврши уште едно успешно издание на „Мото фест“
26-06-2017 РЕГИОН

Вчера и официјално заврши второто издание на манифестацијата мото фест 2017 во организација на мото клубот Тиквеш рајдерс од Кавадарци. Манифестацијата траеше три дена, од кои првите два дена беа наменети за забава, игри, натпреварувања, кампување и прошетки, а третиот ден беше наменет за екологија, се чистеше местото каде што беше одржана манифестацијата односно 12 Ваташки Младинци Моклиште.

 

Организаторот на манифестацијата Драган Петров од мото клубот Тиквеш рајдерс со задоволство ја оценува манифестацијата за извршена мисија. За викендот сите патишта водеа во правец на Тиквешијата поточно месноста 12 Младинци Моклиште. Посетителите ја оценуваат оваа манифестација со 5+.

 

Посетеноста на мото фест 2017 беше на највисоко место, од млади до најстари уживаа во рок забавата, па се надеваме дека мото фест ќе стане традиционална манифестација како и тиквешкиот грозобер.

 

ВИДЕО од овој настан

 

K.Ѓ



Share

Додади коментар