Заврши уредувањето на тротоари на улиците „Маршал Тито" и „Пролетерска" кои се всушност дел од магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман и дел од улицата која е главна артерија во Росоман.Се работи за проект кој општината го спроведува преку ИПАРД програмата за рурален развој, а тежи близу 6 милиони денари.
Во рамки на проектот патот Градско Прилеп се прошири за три метри.Градежните работи ги изведуваше фирмата Градба промет,а од општината велат работите се завршени во дадениот рок. Ианку на уредување на тротоарите интензивно во Росоман се работи од почетокот на летото, надлежните од одделението за комунално уредување и урбанизам велат дека сега општината е подготвена и за првиот снег.Патот е проширен, а пешаците имаат доволно простор каде безбедно да се движат.
На комуналното уредување Росоман продолжува и понатаму.Нема да престане интензитетот, општината да расте во модерна и урбана средина.Тоа го ветивме , па сега ветувањето го исполнуваме вели градоначалникот Стојанче Лазов.
Милица Младенова

Додади коментар