Заврши сообраќајната едукацијата на најмладите
22-10-2014 РЕГИОН

Заврши сообраќајната едукација за најмладите од основното образование и градинка.Последни за правилата во сообраќајот денеска учеа дечињата од работниот објект „Изворче“ при детската градинка „Рада Поцева“ Кавадарци.

 

Основните правила во сообраќајот од почетокот на новата учебна година заклучно со денеска ги учеа првачињата од основното образование и средните и големи групи од градинките. Низ оваа обука која традиционално ја споведува ПС од ОН Кавадарци одделението за превенција поминаа сите основни училишта од Кавадарци, Детската градинка „Рада Поцева“, првачињата од  ОУ „Пере Тошев“ Росоман и дечињата од детската градинка „Праскичка“ во Росоман. Последни во овој циклус на едукација денеска беа дечињата од работниот објект „Изворче“  . И тие како и останатите учеа за основните правила. Учеа за значењето на тротоарот, пешачкиот премин, семафорот, седењето на задното седиште во автомобилите.

 

Сообраќајни правила кој доста креативно преку видео презентација на најмладите им ги претставија инспекторите Благица Кицева и Диме Точков.Преку интерактивна дискусија и двајцата заклучија дека младите веќе ги знаат овие правила и на истите добро дискутират за тоа што смеат, а што не смеат да прават кога се во улога на пешаци и веќе вклучени во сообраќајот. Освен што се покажаа едуцирани во делот на сообраќајот, дечињата од Изворче ги почестија инспекторите од кавадаречкта Полиција и со своите песни и стихотворби на тема сообраќај преку кој рекоа дека секогаш се потсетуваат на своите обврски како пешаци.

 

Децата пееја за зебрата, за чичкото семафор, а сетоа тоа доста вешто го имаа насликано и на хартија која им ја подарија за спомен на Кицева и Точков. За практично да биде применето сетоа тоа што денеска Полицијта им го презентираше на најмладите веднаш по видео презентацијата со помош на униформиран полициски службеник во група дечињата излегоа на првиот пешачки премин, застанати пред семафорот и со цел да покажат практично шпто научија ја преминаа улицата и почитувајќи ги сите сообраќајни правила безбедно се вратија во својата градинка.

 

Ова е крај за овој дел од почетната едукација за најмладите.Станува збор за традиционална обука која започнува секој септември, а продолжува подоцна со квиз натреварите наменети и за најмладите, но и за основците од поголемите ооделенија со цел да се стекнат но и правилно применуваат сообраќајните правила како би имале помалку незгоди.Пешаците се нај загрозената категорија во сообраќајот и токму затоа целта на Полицијата е од нај рана возраст да ги научи децата на сообраќајните правила, категорични се инспекторите за превенција.

М.Младенова



Share

Додади коментар