Со целосоната промена на кровната конструкција на спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа минатата година започна проектот за целосно обновување на овој значаен историски споменик под надлежност на Музеј -галерија Кавадарци . Следеше промена на документацијата ,збогатување со нови документи и уште 40 нови форографии.
Исто така беа зголемени постоечките дописни картички за да можат подобро да се читаат кои се изложени напоредно со оригиналите.Во рамките на овој проект променети се и сите светла во внатрешноста на спомен куќата .
Со уредувањето на дворниот простор и фонтаната со средства воизнос од 60 000 денари - проект финансиран од Локалната Самоуправа Кавадарци целосно е заокружен проектот на обновување и уредување на Спомен куќата на народниот херој Страшо ПИнџур –денеска изјави директорот на Музеј –галерија Петре Камчевски.
Мирјана Мукаетова

Додади коментар