Заврши летниот камп на „Креактив“
27-08-2013 РЕГИОН

Младинскиот Центар КРЕАКТИВ Кавадарци, деновиве го  реализира својот проект Летен Камп 2013 со поддршка на Мировниор Корпус и УСАИД програмата. Овој летен камп е трет по ред, а годинава се оддржа во Одмаралиштето Михајлово на планината Кожуф.

 Креактив Летниот Камп беше реализиран со цел да им овозможи на младите од Кавадарци да се здобијат со нови вештини и знаења и да ги подготви за по активно делување во заедницата, за развој на нивниот личен и професионален живот.

На кампот учествуваа 24 млади кампери на возраст од 14 до 19 години, како и 9мина во организацискиот тим, во улога на млади лидери, фасилитатори и координатори. Во овој тим беа вклучени волонтери од Мировен Корпус, Европски волонтери од Латвија, Италија и Литванија, како и локални волонтери. Камперите разработуваа теми од областа на тимската работа и лидерство, професионален развој, родов развој и дискриминација, како и Избор за здрав начин на живеење.

Освен едукативниот дел, камперите имаа шанса да спортуваат, да се дружат и забавуваат, да стекнат нови пријателства, да се запознаат со неформална едукација, да ја изразат својата креативност и својот потенцијал низ различните активности што беја понудени за време на кампот.

Многумина од камперите изразија желба за понатамошна активност во Младинскиот Центар Креактив и понатамошна обука во делот на сопствениот интерес. Креактив е горд на младите од Кавадарци и на она што тие го поседуваат и на нивниот интерес и желба да бидат што по активни и повеќе продуктивни во сопствената заедница.

Овој проект на Креактив, не застанува со завршувањето на Летниот Камп. На младите кампери ќе им биде овозможено да волонтираат во институции и организации по избор, како што се медиумски куќи, невладини и владини институции и ќе можат да се запознаат поблиску со видови на професии што ќе им помогне при нивнот избор во иднина за школување и едукација и сопствената професија, како и можност за волонтрање во Креактив и здобивање на практично искуство во делот на организирање и реализирање на проекти.



Share

Додади коментар