Заврши законскиот рок, грозјето не е целосно исплатено
05-05-2015 РЕГИОН

Проблемите во лозарството со неисплаќањето на грозјето во утврдениот рок продолжуваат и понатаму. Ниту законот за земјоделство не го надмина проблемот со исплатата на откупениот род од лозарите. 30 април беше последен рок да се плати купеното грозје од претходната реколта. Овој рок помина,  а сеуште има винарии кои им должат на лозарите.

„Не е мал бројот на лозарите кои пак останаа со кратки ракави и не добија пари за грозјето од ланската реколта. Сеуште има лозари кои неможат да си ги наплатат парите од визбите и за родот од 2013 година. Сметам дека е потребно сите кои имаат пари за побарување од визбите да започнат судска постапка и со тужби да си го бараат тоа што им следува“ рече претседателот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов.

Според него исто така и државата треба да се вклучи во решавање на овој долгогодишен проблем кој создава огромни проблеми во лозарството.

Аризанов вели, парите за ланскиот род не се наплатени иако производителите имаа огромни трошоци за заштита на лозјата, сега повторно треба да инвестираат во хемиски средства да го заштитат родот, а пари немаат земено.

Согласно законските прописи, откупувачите на грозје имаат обврска откупениот род да го платат најдоцна за 180 дена. Сега на потег се институциите. Визбите кои не ги подмириле старите обврски неможе да добијат лиценци за откуп на грозје од новата реколта.

 

А.Д



Share

Додади коментар