Заврши бербата на грозјето
22-10-2013 РЕГИОН

Заврши бербата на грозјето во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија и сега веќе дел од винариите почнаа со исплата на грозјето, информираше денес Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија” од Кавадарци.
-Полека полека се средува хаосот во лозаровинарството во Македонија.

 

Конкуренцијата во винарскиот бизнис си го прави своето. Отворањето на неколку нови винарници во регионот придонесе винарите да го стават прстот на главата и да гледаат што побргу да го платат откупениот род оти само така ќе ја стекнат довербата кај лозарите, соопшти Аризанов.

 


Тој нагласи дека сепак при исплатата дел од винарските визби предност даваат на смедеревката како најзастапена бела сорта на грозје наспроти кратошијата како најастапена црна винска сорта на грозје.
С.Д.



Share

Додади коментар