Општина Кавадарци реализираше уште еден значаен проект од комуналната изградба.
Оперативата на фирмата „Коле Транс-Инжинеринг“ од Штип изврши асфалтирање на дел од улицата „25 Мај“ со вкупна површина од 600м2, со што се заокружија градежните активности на оваа улица - информираат од локалната самоуправа.
Асфалтирањето на делницата беше последната фаза од проектот кој опфаќаше, пробивање на улицата во должина од 100 метри, како и изградба на два потпорни ѕида за стабилизирање на земјиштето. Со овој проект се отстрани и последната пречка за оформување на целата должина на оваа улица која е паралелна на улицата „Шишка“.
Улицата „25 Мај“ која се пробиваше на барање на жителите сега во целост е проодна од нејзиниот почето кај периферијата на Глишиќ, до спојот со улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ над „Расадникот“.

Додади коментар