Завршена е реконструкцијата на крак од „Илинденска“ (ВИДЕО)
15-07-2021 РЕГИОН

Завршена е комуналната изградба на крак од  ул.Илинденска. Се работеше на поставување на атмосферска канализација а потоа асфалтирање со површина од 950 метри квадратни. Согласно истиот проект беше извршено и поплочување со површина од 300 метри квадратни. Проектот се реализира по барање на жителите од овој дел од градот а изведувач на работите е фирмата „Градба промет“.

 

 

„ Кракот од Илинденска опфаќа изведување на атмосферска канализација, поплочување на тротоари, и комплетно асфалтирање на паркингот позади зградата на Илинденска и пристапот на таа улица со површина од 1000 м2. Беше во доста лоша состојба со дупки, стар асфлат од самата градба на зградата. Сега се направи комплетна атмосферска канализација и средување со бехатон коцки“ изјави Јанчев по извршениот увид во градежните работи.

 

 

Градоначалникот Митко Јанчев вчера  изврши увид на активностите со кои се врши реконструкција и на една од главните сообраќајници во централното градско подрачје, улица "Илинденска" во должина од 612 метри и ширина од 12 метри- информираат од неговиот кабинет.

 

 Оваа реконструкција беше една од приоритетни инвестиции на Општина Кавадарци и во наредните два дена изведувачот активно ќе работи на терен и заклучно со петок 16.07.2021 асфалтирањето на улицата "Илинденска" во целост ќе биди завршено- велат од општината.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар