Забрзано се шири грипот во кавадаречко
05-02-2014 РЕГИОН

Нови 590 случаи на забоени од грип последната недела се евидентирани во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Ова е најголем број забоелни за само една недела од почетокот на сезоната, велат од центарот и потврдуваат дека грипот и понатаму се шири.

“Со последните 590 случаи на заболени од грип вкупниот број на болни се искачи на 1360 лица. Тоа е бројка што е речиси десет пати поголема од бројот на евидентирани болни минатата година“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Лани до овој период имало само 145  заболени од ова вирусно заболување.

А.Д



Share

Додади коментар