На утрешната редовна седница Советото на општина Кавадарци треба да усвои одлука за времено продфолжување на работноито време на угостителските објекти во Кавадарци.
Имено градоначалникот на Советото му предлага за време на деновите на одржувањето на Тиквешкиот гроздобер работното време на угостителските објектиода се продолжи за дополнителни 2 часа.
Со оваа одлука ќе се овозможи гостите на гроздоберот да имаа дополнително врема за уживање вогороздоберските настани кои се организираат во чест на виното, а угостителите да имаат дополнителна зарабнотувачка.
Променетото работно време на угостителските објект за дополнителни 2 часа ќе важи за деновите прето, сабота и недела, односно 28, 29 и 30 август 2015 година.
Додади коментар