НАД 600 КРИВИЧНИ ДЕЛА РЕГИСТРИРАЛА ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈАТА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАВА.. НАЈМНОГУ СЕ ОД ОБЛАСТА НА КЛАСИЧНИОТ КРИМИНАЛИТЕТ, ОДНОСНО КРАЖБИ И ТЕШКИ КРАЖБИ.. СПОРЕД ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВЕЛЕС, ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАВА РЕГИСТРИРАНИ СЕ ОКОЛУ 650 КРИВИЧНИ ДЕЛА.. ПОЛОВИНА ОД НИВ СЕ ГОНАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, А ЗА ДРУГАТА ПОЛОВИНА СЕ ВОДАТ ПРИВАТНИ ПОСТАПКИ ПРЕД НАДЛЕЖНИОТ СУД.
КРАЖБИТЕ ВО ПРОДАВНИЦИ И СТАНОВИ СЕ НАЈЗАСТАПЕНИ ВО СТАТИСТИКАТА НА ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАВА.. АНАЛИЗАТА ОТКРИВА ДЕКА И КРАЖБАТА НА МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ КОИ ЗАВРШИЛЕ ВО ОТПАДИТЕ ЗАВЗЕМААТ ВИСОК ПРОЦЕНТ ВО ОБЛАСТА НА КРИМИНАЛИТЕТОТ.
ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА - ВЕЛЕС, ПОКАЖУВА ДЕКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ И КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО КОИ Е СТОРЕНО НАСИЛСТВО.. КАКО ПОЗНАЧАЈНИ, ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИВА 36 СЛУЧАИ.. НАЈМНОГУ СЕ ОДЗЕМАЊЕ НА ПАТНИЧКО ВОЗИЛО – ВАКВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 13, ПОТОА СЛЕДУВААТ РАЗБОЈНИШТВАТА, НАСИЛСТВОТО И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО.. РЕГИСТРИРАНИ СЕ И ДВЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА НАПАД НАД СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ И СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕГОВАТА РАБОТА..
КРИВИЧНИ ДЕЛА СО ЕЛЕМЕНТИ НА НАСИЛСТВО:
- 1 КД Напад над службено лице
- 1 КД Спречување на ОСЛ
- 13 КД Одземање на патничко возило
- 7 КД Насилство
- 9 КД Разбојништво
- 1 КД Разбојничка кражба
- 4 КД Семејно насилство
ИНАКУ ПОДАТОЦИТЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО КРИМИНАЛИТЕТОТ ВО ГРАДОТ СЕ ДЕЛ ОД ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ИЗВРШЕНИ РАБОТИ И ЗАДАЧИ НА ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД ГОДИНАТА.. ДОКУМЕНТОТ ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА И ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ НА УТРЕШНАТА СЕДНИЦА..
Зоран Јаневски
Додади коментар