Од утре, први мај се воведуваат електронски рецепти за хронична терапија за хронично болни лица.
„Практично, ова значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и враќање, корисниците на хроничната терапија ќе треба телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар и да добијат информација дека им е искреиран електронскиот рецепт. Потоа одат директно во аптека и со документ за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови. Предвидена е можност, друга личност да ја подигне терапијата во нивно име, доколку хроничните пациенти не можат лично да го сторат тоа“- се вели во соопштението од ФЗОРСМ.
Електронскиот рецепт ќе продолжи да функционира и по завршувањето на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.
Новиот принцип на е-рецепт од утре ќе функционира првично за хроничните пациенти, а во наредниот период системот треба да профункционира и за сите осигуреници и дијагнози.
Додади коментар