За три дена 300 лица се вакцинирале од грип
20-10-2015 РЕГИОН

За три дена од стартот на вакцинирањето против сезонски грип во Кавадарци, 300 лица примиле вакцини во Центарот за јавно здравје, најголем дел од нив, хронично болни.

 

Обезбедени се на самиот старт 720 вакцини против сезонски грип, но ќе обезбедиме и дополнителни вакцини доколку има потреба од тоа, со оглед на тоа што лани беа вакцинирани 810 лица, информира доктор Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот.

 

Тој посочува дека за вакцина се заинтересирани лица од различни возрасти, но најмногу тие над 65 годишна возраст и хроничните болни.Оваа вакцина е препорачлива за срцево и бубрежно болни, дијабетичари, лица со белодровни заболувања и хронични болни, но би било потребно да ја примат и шалтерски работници и лица кои работат во јавни служби, нагласува Јованов.

 

Тој до сите граѓани апелира, овој период да избегнуваат групни собирања во затворени простории, а во домашни услови, често да проветруваат и да имаат пригодно загревање.

 

Според Јовановски вакцинираните се 90 отсто заштитени од заболувања од сезонски грип. Вакцинацијата ќе се спроведува се додека има интерес пред стартот на сезоната на грип, а започна минатата среда.

Милица Младенова



Share

Додади коментар