Продолжува да се зголемува бројот на нови случаи позитивни на ковид 19, но и на смртни случаи поради компликации од овој вирус.
Во периодот од 1 до 7 април годинава во Кавадарци се дијагностицирани 244 нови слуачи, а починале 9 лица. Во моментов активни се 733 случаи, а вкупно од почетокот на пандемијата со овој вирус се заразиле 4695 лица.
82 нови случаи за една недела се евидентираат во Неготино, а починале 4 лица. Овде од почетокот на пандемијата има 2014 случаи, од кои активни 360.
Во наведениот период три лица починале од Демир Капија, а се дијагностицирани 20 нови позитивни. Моментално активни се 61 случај.
На ковид одделот во кавадаречката болница во текот на вчерашниот ден се лекувале вкупно 70 пациенти.
-За овие шест месеци, откога е отворен ковид центарот во нашата болница, се имаат лекувано 740 пациенти од Кавадарци, Неготино и пошироко. До вчера во инфективна амбуланта имаме извршено повеќе од 10 илјади прегледи, а со брзите тестови имаме тестирано повеќе од 7000 граѓани. Сето ова кажува дека имаме сериозен пристап во лекувањето на оваа болест“ вели д-р Коцев и нагласи дека изнесените бројки за здравствените работници не се само статистика, туку тоа биле судбини и страдања.
Директорот на болницата апелираше граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки, бидејќи се почести се компликациите од корона вирусот. 80 отсто или 198 граѓани над 77 години кои имале закажано термин за вакцинација, веќе биле вакцинирани.
A.Д
Додади коментар