Две сообраќајни незгоди и една за среќа без последици провала во стан бележи во билтенот од вчерашниот 1 мај ПС од ОН Кавадарци. Една од сообраќајните незгоди е со потешки последици.Случена е вчера на кривинката кај градските гробишта во Кавадарци, а ја предизвикало лицето Б.Б. родено 1995 година кое управувало патничко возило мерцедес.При управувањето на возилото Б.Б. поминал на спротивната коловозна лента и удрил во други две возила кој доаѓале од спротивен правец.
Од сообраќајната незгода две лица се здобиле со тешки телесни повреди од кој едното е префрлено итно во ургентен центар во Скопје, а другото е надвор од животна опасност.Причина за незгодата е управување под дејство на алкохол потврдуваат од кавадаречката Полиција од каде информираат дека увид на лице место извршиле полициски службеници од ПС Кавадарци и јавен обвинител од Кавадарци. Втората сообраќајна незгода е во категоријата полесни, а станува збор за патничко возило форд ескорд управувано од лицето С.О.роден 1979 година кој излетал од патот во месноста викана Катуниште.
Причина за несреќата е неприлагодена брзина потврдува кавадаречката Полиција.Од таму дознаваме дека со полесни повреди се здобил и сопатникот на С.О. кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.Инаку вчера ПС од ОН Кавадарци добила и пријава за провала во стан на улица Едвард Кардељ.Случајот го пријавил сопственикот на станот М.Д. роден 1975.Во неговиот дом било провалено во периодот од 8 до 21 часот кога семејството било излезено надвор.Сторителот на ова кривично дело влегол во станот кршејќи го цилиндерот, расфрлано е наоколу,но не е одземено ништо, удврдила и Полицијата од каде велат дека истрагата е во тек.
M.M

Додади коментар