За петнаесетина минути во Кавадарци наврнаа 10 литри на м2 дожд
11-09-2013 РЕГИОН

По долгиот сушен период кој го имавме и ова лето, денеска вистинско освежување. На пладне Кавадарци и околината беше зафатено од невреме проследено со пороен дожд и силен ветер. Според информациите од метеоролошката станица која е лоцирана во дворот на СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ во Кавадарци, измерени се 10 литри на метар квадратен воден талог. Толку дожд наврна за само петнаесетина минути колку што траеше поројниот дожд.

Улиците во градот повеќе наликуваа на река, бидејќи повеќе вода течеше по нив отколку во коритото на реката Луда Мара.

Според прогнозата на метеоролозите од УХМР, до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд и грмежи. Како што се предупредува, на одредени места врнежите ќе бидат пообилни.

Од сабота вренежи ќе нема но ќе има опаѓање на температурите.

А.Д



Share

Додади коментар